Laneige Cream Skin Refiner 25ml

Laneige Cream Skin Refiner 25ml

259.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Laneige Cream Skin Refiner 25ml

 

Млечен хидратантен тонер/хидратантна крема е единствениот од овој тип кој делува како 2 во 1 производ и тоа: како тонер кој ја омекнува, хидрира и навлажнува кожата и како хидратантна крема која и дава длабока хидратација на кожата во само еден чекор.

По речиси 20 децении истражување, Laneige разви сопствена технологија – Cream Blending Technology™ која им овозможува да го претворат кремот во течна форма.

Формулиран од страна на експерти како цела хидратантна крема да е потопена во тонер со ултралесна текстура за максимална хидратација.

Во својот состав има вода од листови од бел чај кои се богати со амино киселини и ја омекнуваат, смируваат, зајакнуваат и обновуваат бариерата на кожата.

Формулиран со нежни состојки па заради тоа одговара на секој тип на кожа:

Кај масна кожа – може да се користи на чиста кожа како алтернатива за богата хидратантна крема.

Кај сува кожа – користете го во комбинација со вашите серуми и хидратантна крема.

Ако навистина немате време за целосна утринска или вечерна рутина, со овој тонер/хидратантна крема, може да го замените чекорот тонер и хидратантна крема со само една негова апликација.

 

Состав: WATER / AQUA / EAU, BUTYLENE GLYCOL, GLYCERIN, LIMNANTHES ALBA (MEADOWFOAM) SEED OIL, 1,2-HEXANEDIOL, POLYGLYCERYL-10 STEARATE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, INULIN LAURYL CARBAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, ETHYLHEXYLGLYCERIN, PROPANEDIOL, DISODIUM EDTA, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, TOCOPHEROL