БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ЗА СИТЕ НАРАЧКИ НАД 800 МКД

Услови и правила за користење

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку не сакате да ги прифатите, Ве молиме да не ја користите веб страната www.skinaholics.mk. Скин Гламур Дооел Скопје не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

  1. Општи услови

Веб страната и domain-от www.skinaholics.mk се во сопственост на Скин Гламур Дооел Скопје преку која се вршат онлајн нарачки на козметички производи.

Скин Гламур Дооел Скопје ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, база на податоци и програмерскиот код) или се користат со дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос,објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овaa веб страна без изречна писмена согласност на Скин Гламур Дооел Скопје е строго забрането. Прекршување на општите услови  за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и на гонење против сторителите за прекршување на авторските права и заштитниот знак/лого.

  1. Услуги

Скин Гламур Дооел Скопје го задржува правото да одбие или престане да ги нуди своите услуги во кое било време без дополнително објаснување.

Скин Гламур Дооел Скопје го задржува правото да ја ограничи продажбата на нашите производи за кои било лица или региони, правото да ги ограничи количините на производите кои ги нуди и правото да престане со продажба на  одреден производ од нашето портфолио.

 

  1. Промена на цени

Цените на нашите производи може да се променат без претходно известување.

Скин Гламур Дооел Скопје го задржува правото во кое било време да ги промени цените и услугите, без претходно известување. Скин Гламур Дооел Скопје не сноси никаква одговорност за какви било промени, намалување или зголемување на цени и прекинување на услугите.

  1. Доставување на нарачки

Пратките се доставува на адресата оставена за испорака при креирање на нарачката во период од 08:00 до 16:00 часот во рок од 1-2 работни дена, но во исклучителни ситуации рокот на испорака може да се пролонгира. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на адресата оставена за достава при креирање на нарачката за да може пратката успешно да се достави. Пред да се изврши доставата,  курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кој сте го оставиле при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е да да Ве побара уште еднаш пред пратката да биде вратена кај нас.

Доставата е бесплатна за сите нарачки над 1500 мкд, под таа сума доставата чини 90 мкд за територијата на Република Северна Македонија (плаќањето на доставата се врши директно кај Тотал Пост Логистик за време на доставување на пратката). Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија.

  1. Рекламации и замена на производи

Откако доставувачот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка веднаш контактирајте не на телефонскиот број 077771920 или на email со свои податоци (име, презиме и телефон) на prodazba@skinaholics.mk каде треба да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на производот, а ние ќе Ве контактираме во најбрз можен рок.

Доколку пратката не е отворена во присуство на доставувачот кој ќе го потврди оштетувањето/производ кој не е во согласност со Вашата нарачка, истата нема да може да се замени и/или да се вратат парични средства.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен,отпакуван и користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Доколку истиот е користен, отпакуван и оштетен, замената нема да може да се процесира.

Трошоците за достава не можат да бидат рефундирани.

  1. Поврат на производи

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван, неотворен и неоштетен и во оригиналното пакување, со приложена потврда за успешна нарачка во форма на email кој е добиен од наша страна во рок од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Сите трошоци поврзани со поврат на производ одат на терет на купувачот, односно се задржува износот за поштарината за првото враќање, износот за повторното враќање како и износот кои банката со која соработуваме го наплаќа на skinaholics.mk согласно важечкиот ценовник. Доколку вредноста на вратениот производ е поголема од овие трошоци, разликата оди на терет на купувачот.

Трошоците за достава не можат да бидат рефундирани.

  1. Точност на објавени материјали

Скин Гламур Дооел Скопје секогаш ќе се залага за точност на информациите на својата веб страна, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето и не сносиме одговорност доколку информациите објавени на оваа страница се некомплетни или застарени.  Ние го задржуваме правото да ги ажурираме податоците на www.skinaholics.mk во кое било време, но немаме обврска да ги обновуваме податоците.

  1. Политика на приватност

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, email адреса и број на телефон. Со помош на овие податоци можеме да ја испорачаме Вашата нарачка преку курирската служба со која што соработуваме.

Се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите клиенти. Ги собираме само неопходните податоци за корисниците и податоците неопходни за достава на нарачката.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат во нашиот систем и плаќањето не се врши директно кон нас. Трансакциите се процесираат преку платежниот систем на банката со која соработуваме. Кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците од Вашата платежна картичка, истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката и за нас не се видливи.

Личните податоци кои ги оставате при креирање на нарачка на нашата веб страна не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.

За потребите на испорака на нарачаните производи до нарачарелот ќе биде ангажирана овластена компанија за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработени во процесот на доставување на пратката.

  1. Плаќање

Сите цени кои се јавно објавени на нашата веб страна www.skinaholics.mk се со вклучено ДДВ.

Плаќањето се врши исклучиво со платежна картичка преку нашата веб страна.

  1. Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со нашите производи и услуги, може да не контактирате на телефонскиот број 077771920 кој е достапен во периодот од 10.00 часот до 22.00 часот секој работен ден или преку нашата email адреса prodazba@skinaholics.mk.

0