Hada Labo Gokujyun Hyaluronic Acid Hydrating Milk 140ml

Hada Labo Gokujyun Hyaluronic Acid Hydrating Milk 140ml

1,299.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Hada Labo Gokujyun Hyaluronic Acid Hydrating Milk 140ml

Култен фаворит во ширум светот кој сега е обновен за подобра хидратација и нега на кожата!

Gokujyun Hyaluronic Acid Hydrating Milk e хидратантна емулзија со млечна, кремаста текстура наменет за сензитивна, сува и дехидрирана кожа.

Во својот состав содржи 4 типа на хијалуронска киселина (Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Sodium Acetylated Hyaluronate, Lactococcus/Hyaluronic Acid Ferment Filtrate и Sodium Hyaluronate), глицерин и сквалан кои длабински ја хидрираат, балансираат, смируваат, негуваат и и даваат сјај на сувата, дехидрирана и безживотна кожа.

Содржи ферментирана хијалуронска киселина која Hada Labo ја произведува за прв пат во светот, која е ферментирана од бактерии на млечна киселина што се користат за производство на саке, што резултира со хијалуронска киселина со многу висока способност за задржување вода и влажност во кожата.

Исклучително лесна, но во исто време и интензивно хидратантна, оваа млечна емулзија брзо  впива во кожата без да остава леплив филм.

Совршена како лесен крем самостојно во потоплите месеци, а исто така може да се користи непосредно пред вашиот побогат хидратантен крем за интензивна хидратација и навлажнување на сувата и дехидрирана кожа.

Начин на употреба: Кај сува/дехидрирана кожа може да се користи како тонер/серум, додека кај масна кожа може да се користи како замена на крема.

Состав: Water, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Dipropylene Glycol, Hydrogenated Poly (C6-12 Olefin), Pentylene Glycol, PPG-10 Methyl Glucose Ether, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Sodium Acetylated Hyaluronate, Lactococcus/Hyaluronic Acid Ferment Filtrate, Butylene Glycol, PEG-20 Sorbitan Isostearate, PEG-32, PEG-6, Glyceryl Stearate, Dimethicone, Carbomer, Propanediol, Phytosteryl/Octyldodecyl Lauroyl Glutamate, Triethanolamine, Disodium EDTA, Stearyl Alcohol, Behenyl Alcohol.