AXIS-Y Quinoa One Step Balanced Gel Cleanser 180ml

AXIS-Y Quinoa One Step Balanced Gel Cleanser 180ml

1,259.00 ден

Продуктот го има на залиха!

AXIS-Y Quinoa One Step Balanced Gel Cleanser  е нежен чистач кој ефикасно ги остранува остатоците од шминка, нечистотиите и себумот насобрани во порите и истовремено ја хидрира кожата. Овој чистач на база на киноа и голем број на антиоксиданси и помага на кожата успешно да се справи со загадувањето, слободните радикали и сите останати стресори од животната средина. Како и сите останати производи на AXIS-Y, овој чистач содржи и една напредна технологија – Tехнологија на природна ферментација која има антивоспалителни и смирувачки својства.

Состојки и карактеристики:

  • Клучна состојка во овој производ е Киноа – ги подобрува и изедначува тенот и текстурата и ја зајакнува бариерата на кожата
  • Босилек – ги отстранува бактериите и воспаленијата кои предизвикуваат акни и помага во заздравување на кожата
  • Зелен Чај – ја намалува појавата на акни за 50% (според медицински студии), го контролира и намалува лачењето на себум и маснотии
  • Невен – го забрзува процесот на заздравување на акните и раните од акни, го спречува ширењето на бактерии кои предизвикуваат акни и иритации
  • Centella Asiatica – ги смирува иритациите, воспаленијата и црвенилата, го забрзува процесот на заздравување на раните од акни и спречува појава на флеки, ја намалува појавата на фунгални акни
  • Mасло од сладок бадем – длабински ги чисти порите, ја редуцира појавата на акни
  • Хмељ – ги избледува флеките од акни и хиперпигментациите, ја подмладува кожата

Како се користи овој производ?

  • Ставете мала количина во вашата дланка и додадете вода.
  • Нанесете на влажна кожа и нежно масирајте ги лицето и вратот со кружни движења.
  • Исплакнете го лицето темелно со млака вода.

Состав:

Water, Decyl Glucoside, Sodium Cocoyl Glutamate, Chenopodium Quinoa Seed Extract, Glycerin, Sodium Lauroyl Glutamate, Betaine, Glycine Soja (Soybean Oil),Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Extract, Chlorphenesin, Hydroxyacetophenone, Ethylhexylglycerin, Camellia Sinensis Leaf Extract, Humulus Lupulus (Hops) Extract, Ocimum Tenuiflorum Extract, Centella Asiatica Extract, Calendula Officinalis Flower Extract, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Fruit Extract, Citric Acid, Geranium Maculatum Oil, Allantoin