SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil 200ml

SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil 200ml

899.00 ден

Маслен чистач со ултра лесна текстура коj ефикасно ја отстранува шминката, кремата за сонце и нечистотиите од лицето.

Формулиран со прочистена Centella Asiatica, препознатлива состојка на SKIN1004, добиена од Мадагаскар, која ја смирува иритираната кожа и ја зајакнува бариерата на кожата.

Содржи и неколку растителни масла, како што се маслото од сончоглед, маслиново масло и масло од  јојоба, кои ќе ја омекнат кожата без да ги затнат порите. Оваа мешавина од масла го раствора вишокот на себум на кожата и помага во чистење на затнати пори и митесери.

По контакт со вода, ова лесно масло за чистење се трансформира во млечна емулзија и се плакне без да остави масен слој на кожата.

Начин на употреба:

Испумпајте 2-3 пати од маслениот чистач на суви дланки. Нежно масирајте на суво лице со кружни движења. Потоа натопете ги дланките со вода и повторно масирајте го лицето. Целосно исплакнете со млака вода и проследете со чистач на водена база.

 

Состав:

Ethylhexyl Stearate, Cetyl Ethylhexanoate, Sorbeth-30 Tetraoleate, Centella Asiatica Extract (10,000ppm), Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Citrus Aurantium Bergamia (Bergamot) Fruit Oil, Olea Europaea (Olive) Fruit Oil, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil, Ethylhexylglycerin, Pelargonium Graveolens Flower Oil, Rosa Damascena Flower Oil, Limonene, Linalool