Rice Toner 150ml

Rice Toner 150ml

1,599.00 ден

Out of stock

Оризовата вода се користела од страна на жените во Азија уште во античко време за да ја третираат и одржуваат кожата. Познато е дека гејшите ја користеле оризовата вода за миење на лицето со цел да ја одржат еласичноста, да ја хидрираат и осветлат својата кожа. Поради тоа што е богата со антиоксиданси, витамини и минерали, водата од ориз помага во намалување на порите, ја хидрира,осветлува и и дава дополнителен сјај и порцелански тен на кожата.

I’m From Rice Toner во својот состав содржи 77.78% екстракт од Гоами ориз, ја хидрира и ја осветлува безживотната и иритирана кожа.

Овој тонер нежно ги отстранува насобраните мртви клетки и со тоа го изедначува и осветлува тенот и  ја претвара сензитивната и груба кожа во сјајна.

Освен екстрактот од ориз, содржи и други клучни состојки како Ниацинамид кој е моќен антиоксиданс и кој делува антиинфламаторно, ја подобрува еластичноста и бариерата на кожата и помага при хиперпигментации и за изедначување на тенот.

Екстрактот од семе од амарант е познат како „Богатство на Инките“ и природно содржи сквалан за длабоко хидрирање и навлажнување на вашата кожа. Амарантот, исто така, има антиоксидантни својства и ќе ја зголеми клеточната активност, така што ќе помогне во обновување и заштита на вашата кожа.

Клучни карактеристики на производот:

* содржи 77.78% екстракт од ориз(Goami)
* го изедначува и осветлува тенот и дава сјај на кожата
* ги отстранува нечистотиите од кожата
* пружа длабинска хидратација и ја подобрува бариерата на кожата

Како се користи овој производ?

Пред употреба, протресете го тонерот за да ги измешате слоевите од вода и емулзија. По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на дланка или на козметичко памукче и нежно нанесете го на лицето.

Состав:

Rice extract, Methylpropanediol, Triethylhexanoin, Hydrogenated poly (C6-14 olefin), Niacinamide, Pentylene glycol, Common Purslane extract, Rice bran extract, Japanese elm bark extract, Amaranthus caudatus seed extract, Hydrogenated lecithin, Distilled water, Polyglyceryl-10-myristate, Butylene glycol, Adenosine, Cellulose gum, Ethylhexylglycerin, 1,2-Hexanediol