Pyunkang Yul Essence Toner 200ml

Pyunkang Yul Essence Toner 200ml

1,299.00 ден 859.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Pyunkang Yul Essence Toner е совршен производ за ребаланс на вашата кожа по чистење на лицето. Содржи 91% Milk Vetch Root Extract, состојка која ја подмладува и и дава сјај на кожата.

Производот е креиран од страна на реномираната Клиника за Ориентална Медицина Pyunkang и истиот има минималистички состојки и е погоден за секој тип на кожа.

Pyunkang Yul Essence Toner се фокусира на растителни состојки со ефективни лековити придобивки. Во формулата има само 7 состојки.

Овој тонер е фаворит на многумина поради тоа што пружа неверојатна апсорпција и хидратација и е совршен за 7 Skin методот.

И покрај тоа што е високо концентриран, овој тонер брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата хидрирана и мека.

Не содржи вештачки мириси и ароми,бои и парабени.

Како се користи:

По чистење на кожата, ставете мала количина од производот на козметичко памукче/дланка и нежно аплицирајте го на лицето. Може да се користи и во дневната и во ноќната рутина.

Совет: Овој тонер е одличен за 7 skin методот.

Состав: Astragalus Membranaceus Root Extract, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Bis-PEG-18 Methyl Ether Dimethyl Silane, Hydroxyethylcellulose, Carbomer, Arginine