PURITO Snail All In One BB Cleanser

PURITO Snail All In One BB Cleanser

999.00 ден 889.00 ден

Out of stock

Кога треба да го користам овој производ?
Како чекор за чистење на кожата на лицето, аплицирајте од чистачот доволна количина со млака вода, потоа направете пена и нежно масирајте го целото лице. По 1-2 минути измијте го лицето со млака вода.

Имам сензитивна и проблематична кожа. Дали можам сè уште да го користам овој производ?
Состојките како што се: ПЕГ, минерално масло, Парабени итн, кои генерално се наоѓаат во составот на многу производи за чистење на кожата на лицето и истите може да предизвикаат проблеми со кожата или да доведат до вложување на ефектите, од овој чистач се целосно елиминирани. Чистачот е изработен од нежни и природни состојки кои се соодветни за сензитивна кожа.

По чистењето мојата кожа е многу сува. Дали овој производ е безбеден за мене?
Чистачот содржи екстракт од слуз од полжав кој ја храни кожата и екстракт од зелен чај и Азиска Центела да ја надополнат влажноста, обезбедувајќи мека кожа по чистењето на кожата на лицето без никакво чувство на затегнатост и сувост.

Дали може да го прескокнам првото чистење на лицето, т.е да го направам само второто чистење?
Чистачот „Се Во Едно„ е мултифункционален, а тоа значи дека со него се заменуваат и првото и второто чистење на лицето. Како и да е, треба да користите отстранувач за потешка шминка, како што е шминката за очи и уста.

Која е точната ПХ вредност на овој чистач?
Станува збор за чистач со ниска ПХ вредност, тоа е ПХ6 и обезбедува безбедна заштита за кожната бариера.

Опис

За мене Чисто и безбедно отсранете ја вашата шминка! BB Cleanser  е повеќенаменски гел за чистење кој ги заменува првиот и вториот чекор за чистење на лицето и е доста ефикасен за отстранување на шминката, како и ББ кремата.Овој повеќенамески гел за чистење кој има екстракт од слуз од полжав кој помага во отстранување и измазнување на лузните, брчките и кожните проблеми. Гел за чистење на кожата со ПХ6 вредност, кој не предизвикува иритации на сензитивната кожа, нема присуство на 10те опасни состојки и обезбедува перфектно чистење на кожата. Клучно
  1. Паметен гел за чистење на кожата кој ја чисти и отстранува само шминката оставајќи ги есенцијалното масло и водата.
  2. Слузот од полжав во производот нежно ја чисти кожата без да ја чувствувате сува после чистењето.
  3. Одберете само безбедни состојки за сензитивна кожа.
  4. Екстрактот од Азиска Центела и екстрактот од зелен чај ја хидрираат и освежуваат кожата по чистењето.
    Супер Тип! Чистење на кожата на лицето со кружни движења со чистачот и сунѓерот Гоњак (желе сунѓер) PURITO Snail All In One BB Cleanser