PURITO Plainet Squalane Oil 100 30ml

PURITO Plainet Squalane Oil 100 30ml

930.00 ден 837.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Добиено 100% од шеќерна трска, лесно и повеќенаменско масло од сквалан брзо продира во кожата и инстантно ја хидрира и навлажнува. Потхранувачко масло со ултра лесна текстура која ја подобрува еластичноста и бариерата, ја негува, омекнува и  смирува кожата како и помага во подобрување на изгледот на брчки и фини линии и спречува појава на нови.

Plainet Squalane Oil 100  го поттикнува и зголемува обновувањето на нови клетки со што ја намалува појавата на брчки и фини линии.

Ова растително и веганско масло го подобрува целокупното здравје на кожата, го смируват  црвенилото и иритациите на кожата.

Како се користи овој производ?

  • На лице – ставете неколку капки масло од сквалан во вашиот хидратантен крем и нанесете ја смесата на вашата кожа.
  • На коса – нанесете од маслото директно до краевите на вашата коса за да ги зајакнете врвовите, да спречите оштетување, за регенерација, враќање на сјајот и мекоста и подобрување на целокупниот изглед на вашата коса.
  • На тело – нанесете неколку капки на кожата веднаш по туширањето, најмногу на деловите на кои им е потребна дополнителна хидратација, како и за подобрување на изгледот на кутикулите.

Состав:

Squalane 100%