PURITO From Green Cleansing Oil 200ml

PURITO From Green Cleansing Oil 200ml

1,351.00 ден 1,216.00 ден

Продуктот го има на залиха!

From Green Cleansing Oil е нежен и хранлив маслен чистач кој во својот состав содржи пет природни и хранливи масла. Кожата ја чисти темелно, но нежно и ги отстранува сите траги на шминка, крема за сонце и останати нечистотии кои се насобрани во порите.  Поради тоа што содржи само природни масла овој маслен чистач на кожата ви овозможува да го исчистите вашето лице без никаква иритација на кожата и очите.

*** Што е тоа процес на емулзификација?

  • Елмулзификација е процесот во кој маслениот чистач се трансформира во млечна емулзија при контакт со вода. Темелната емулзификација ќе помогне да се отстранат нечистотиите насобрани во порите, како што се црнките и затворените комедони.

Клучни состојки:

  • Маслиново масло – богато со Витамин Е, ова масло создавава бариера која ја одржува кожата навлажнета и хидрирана.
  • Масло од семето од сончоглед содржи есенцијални масни киселини и лецитин кои помагаат да се контролира производството на себум и да се смири кожата.
  • Масло од семе од јојоба – оваа состојка е богата со витамини и минерали, ја навлажнува кожата додека ја штити од стресни фактори на животната средина, го контролира производството на себум, помага во отстранување на црнките и затворените комедони од порите, ја отстранува шминката, кремата за сонце и сите нечистотии длабоко под кожата.
  • Маслото од сладок бадем има одличен хидратантен ефект и ги намалува чешањето и иритациите на сувата кожа. Богато е со Витамин А и Витамин Е кои ги намалуваат воспаленијата на кожата и акните и помагаат во осветлување на флеките и хиперпигментациите.
  • Масло од семе од грозје – ги апсорбира нечистотиите од порите и помага целосно да се исчисти кожата, и помага на кожата да се регенерира и содржи полифенол кој го спречува стареењето на кожата.

Како се користи овој производ?

  1. Земете мала количина од производот со помош на шпатула и аплицирајте го на суви дланки. Тријте ги двете дланки заедно.
  2. Кога ќе добиете свиленкаста текстура на балзамот, аплицирајте го на сува кожа и масирајте го нежно лицето со кружни движења.
  3. Додадете неколку капки вода и масирајте го лицето (процес на емулзификација).
  4. Отстранете го маслото од лицето со млака вода и продолжете ја рутината со чистач на база на вода.

Состав:

Olea Europaea (Olive) Fruit Oil, Caprylic/Capric Triglyceride, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Sorbeth-30 Tetraoleate, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil, Glyceryl Caprylate, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil, Vitis Vinifera (Grape) Seed Oil, Ethylhexylglycerin, Vegetable Oil, Tocopherol