PURITO Centella Unscented Toner

PURITO Centella Unscented Toner

1,499.00 ден 1,299.00 ден

Out of stock

Дали овој производ не содржи никаков, парфем, мирис и арома?
Не содржи! Не содржи никакви синтетички мириси и ароми, ниту пак природни есенцијални масла. Луѓето кои се чувствителни на мириси, парфеми и ароми може да го користат овој производ без никаков проблем.
Кога треба да го користам овој производ?
Овој производ содржи нежни и благи состојки, па може да се користи и наутро и навечер без никаква иритација на кожата. По чистењето на кожата на лицето аплицирајте соодветна количина од тонерот на суво лице и оставете да се апсорбира во кожата.
Дали екстрактот од Азиска Центела може да има несакани дејства?
Екстрактот од Азиска Центела е безбедна состојка и е наменета за користење на сензитивна кожа. Но, како и да е, ако имате абнормална физичка конституција, нашата препорака е да се консултирате со дерматолог пред употреба.
Дали овој тонер е добар да се користи за сензитивна кожа или кожа со атописки дерматит?
Да, овој тонер е сосема безбеден за користење на сензитивна кожа, бидејќи не содржи ниту една од 20те опасни состојки, вклучувајќи го и алкохолот. Понатаму, бидејќи во својот состав има и Натриум Хијалорунат која е хидратантна состојка, тонерот може да се користи и за кожа со атописки дерматит. Но, како и да е, ако имате сериозни проблеми со кожата, ви препорачуваме да се консултирате со дерматолог пред употреба.
Дали овој тонер има хидрирачки ефект?
Овој тонер без никакви мириси, ароми и парфеми обезбедува хидрирачки ефект бидејќи во својот состав има: Натриум Хијалорунат, Глицерин и екстракт од Азиска Центела. Натриум Хијалорунатот е другото име на хијалуронската киселина. Оваа состојка спречува губење на влажноста и и дава на кожата длабока хидратација со формирање на јак заштитен слој на влажност на кожата.

 

Опис

Нежен тонер кој ја зајакнува кожната бариера и создава влажна бариера!   Овој тонер без мириси и ароми е нова верзија на Centella Green Level Calming Toner, без присуство на есенцијално масло. Ја омекнува и оздравува грубата кожа настаната од надворешните иритации, по пат на зајакнување на оштетената кожна бариера со 10% екстракт од Азиска Центела, додека ја смирува иритираната кожа и ги смалува порите со екстрактот од Хамамелис. Тонер со ниска киселост (ПХ 5.5), без присуство на алкохол и е соодветен за користење за сите типови на кожа вклучувајќи ја и сензитивната кожа. Клучно Тонер наменет за сензитивна кожа без присуство на ароми, мириси и алкохол. Овој неиритирачки Centella тонер без присуство на есенцијални масла е втората верзија на Centella Green Level Calming Toner произведен за тип на кожа кој е сензитивен на есенцијални масла. Бидејќи станува збор за нежен тонер без присуство на алкохол и груби состојки соодветен е за користење на сензитивна кожа. Тонер за зајакнување на кожната бариера Овој тонер ја зајакнува кожната бариера со 10% екстракт од од Азиска Центела кој ja поддржува синтезата на колагенот , како и со Пантенолот. Синергијата од Madecassoside, Asiaticoside, Asiatic Acid, и Madecassic Acid ја подобрува еластичноста на кожата од надворешни иритации додека Натриум Хијалорунатот ја заштитува кожата од надворешни иритации со создавање на здрава влажна бариера. Тонер кој ја смирува иритираната кожа Екстрактот од толчница има антивоспалително дејство кој ја смирува иритираната кожа и ја ослободува од било какви проблеми со кожата вклучувајќи ги и акните. Понатаму, екстрактот од Хамамелис го спречува стареењето и оксидација на кожата поради слободните радикали. Супер тип! Исполнете ја кожата со влажност започнувајќи од нејзината внатрешност со погуст слој.

Како се користи

 
Исполнете ја кожата со влажност започнувајќи од нејзината внатрешност со погуст слој.
 
Оние денови кога кожата ќе ја почувствувате хидрирана нанесете еден слој, додека оние денови кога ќе ја почувствувате посува нанесете два или три слоја.
 
 
Зајакнете ја базата на кожата! Тонерот нуди перфектна хидратација и зајакнување на кожната бариера.
 

Состојки

Water, Centella Asiatica Extract, Butylene Glycol, Pentylene Glycol, Dipropylene Glycol, 1,2-Hexanediol, Trehalose, Sodium Hyaluronate, Hamamelis Virginiana (Witch Hazel) Extract, Madecassoside, Asiaticoside, Asiatic Acid, Madecassic Atonercid, Panthenol, Carbomer, Allantoin, Arginine, Portulaca Oleracea Extract, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA