PURITO Centella Unscented Toner 200ml

PURITO Centella Unscented Toner 200ml

1,514.00 ден 1,362.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Нежен тонер кој е нова верзија на веќе постоечкиот Centella Green Level Calming Toner, формулиран без есенцијални масла, парфеми и алкохол. Во својот состав содржи 10% екстракт од Centella Asiatica и Пантенол кои ја смируваат и хидрира кожата, ја зајакнува кожната бариера, ја штитат кожата од надворешни влијанија и ги намалуваат црвенилата, иритациите и воспаленијата.

Овој тонер содржи и Натриум хијалуронат кој привлекува влажност и продира длабоко во кожата поради неговата мала молекуларна структура, негувајќи ја грубата кожа.

Поради ниската киселост (pH 5.5), овој тонер е соодветен за употреба кај сите типови на кожа вклучувајќи ја и најсензитивната.

Клучни состојки:

  • Екстракт од Centella Asiatica

Centella Asiatica ја зајакнува кожната бариера. Тоа помага да се заштити кожата од надворешни стресни фактори на животната средина, што може да предизвика намалување на еластичноста.

  • Пантенол

Пантенолот е совршена активна состојка за чувствителна кожа. Дериват на витамин Б кој ја смирува и ја обновува кожата и ја зајакнува кожната бариера. Помага при смирување на црвенилото и иритациите и ја смирува чувствителната кожа.

  • Натриум хијалуронат

Форма на хијалуронска киселина која има моќ да привлече и задржи вода до 1000 пати повеќе од својата тежина и го формира дермалниот слој со колаген и еластин. Оваа состојка спречува губење на влажност од кожата, го враќа соодветниот баланс на вода-маснотија и е клучна состојка за негување и регенерирање на кожата.

Како се користи овој производ?

  • По чистење на кожата, ставете мала количина од производот на козметичко памукче/дланка и нежно аплицирајте го на лицето. Може да се користи и во дневната и во ноќната рутина.

Состав:

Water, Centella Asiatica Extract (strengthens skin barrier), Butylene Glycol (humectants), Pentylene Glycol (skin-conditioning agents), Dipropylene Glycol (humectants), 1,2-Hexanediol (stabilizers), Trehalose (humectants), Sodium Hyaluronate (natural moisturizing factor/ humectants), Madecassoside (strengthens skin barrier), Asiaticoside (strengthens skin barrier), Asiatic Acid (strengthens skin barrier), Madecassic Acid (strengthens skin barrier), Panthenol (strengthens skin barrier), Carbomer (viscosity increasing agents), Allantoin (skin protectants), Arginine (skin-conditioning agents), Portulaca Oleracea Extract (skin-conditioning agents), Ethylhexylglycerin (skin-conditioning agents), Disodium EDTA (stabilizers)