PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel

PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel

999.00 ден 799.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Кога треба да го користам овој производ?
Може да го користите и преку ден и навечер, но ако го вметнете во вашата вечерна рутина може да добиете подобар резултат. Користете го пред легнување кога кожата се регенерира со цел да ги максимизирате ефектите.

Која е ПХ вредноста на овој производ?
ПХ 3.5 ±0.5

Дали овој производ може да се користи за сензитивна кожа?
Со помош на нашата технологија ја минимизиравме секоја кожна реакција. Но, како и да е, кожата може да биде иритирана зависно од околностите. Препорачуваме да пробате мала количина од производот на внатрешната страна од рачниот зглоб.

Колку често треба да го користам овој производ?
Ако сте почетник, започнете со користење на секои 3 дена. Како што вашата кожа ќе се навикнува на производот тогаш зголемете го бројот на нанесувања.

Дали откако ќе го аплицирам BHA гелот треба да нанесам хидратантна крема на кожата?
Ако ја чувствувате вашата кожа сува, нанесете хидратантна крема со балансирана формула на масло и влажност за да ја одржите вашата кожа хидрирана.

 

Опис

BHA Dead Skin Moisture Gel / 100ml За мене Кажете им збогум на старите нечистотии и мртви клетки на кожата за нов почеток со хидрирана кожа! PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel  во својот состав има 2% Бета-Хидрокси киселина растворлива во масла, која ги отстранува нечистотиите и себумот насобран во порите на кожата. Помага во смирување на акните/мозолчињата со екстрактот од чајно дрво и артемисиа капиларис кои имаат невоспалително дејство и го контролираат излачувањето на себумот. Исто така, со екстрактот од Алое вера ја смирува и успокојува кожата. Содржи и Натриум Хијалорунат кој ја одржува вашата кожа влажна и балансирана по ексфолијацијата.Станува збор за ексфолијатор со текстура на гел кој е дизајниран да има нежно, но сепак ефективно дејство на вашата кожа додека спиете. Клучно
  1. Во својот состав има природен хумектант Натриум Хијалорунат за да ја одржува вашата кожа хидрирана и балансирана.
  2. Комфорен ексфолијатор кој содржи минимални но, основни состојки за сензитивна кожа.
  3. Содржи 2% Бета Салицилат да ја омекне и подобри текстурата на кожата и ефективно да ги отстрани себумот и мртвите клетки на кожата.
  СУПЕР ТИП! PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel