PURITO All Care Recovery Cica-Aid

PURITO All Care Recovery Cica-Aid

569.00 ден 520.00 ден

Out of stock

Што е хидроколоид?
Хидроколоидот е комбинација од природен хидрофиличен гел и хидрофобна синтетичка гума и ги заштитува раните од контаминација и секундарна инфекција. Исто така, нежно го апсорбира секретот од лачењето од раната, создавајќи влажна околина и со тоа спречува ризик од појава на лузни и обезбедува побрзо оздравување на раната без никакви лузни.

Кога се користат Cica-aid?
1.Искористете ја лепенката по истиснувањето на акната. Поставете ја лепенката врз раната, за смирување на тој дел и спречување на секундарна инфекција и појава на лузни од акни. 2. Искористете ја лепенката како екстрактор на гној кога акната е веќе отворена или кога е во последна фаза. 3. Искористете ја лепенката како заштитна бариера, не само што ќе спречи чепкање на акната, исто така ќе допринесе за побрзо заздравување на кожата. 4. Искористете ја лепенката која содржи екстракт од Азиска Центела како третман директно на акната. Доста е ефикасна за лечење на умерени акни.

Колку време треба да ја оставам лепенката Cica-aid на акната?
Без разлика дали ја користите преку ноќ или преку ден, не треба да ја оставите на лице повеќе од 12 часа. Држете ја лепенката по можност најмалку 8 часа. Ќе го намали времето за смирување и намали шансите за појава на лузни.

Зошто лепенките Cica-aid не беа ефикасни за мене?
1. Пред да ја употребите лепенката Cica-aid, веројатно не сте ја исчистиле убаво кожата. 2. Лепенката била отстранета од акната за помалку од 3 часа. 3. Сте пробале да ја ставите лепенката врз црните митесери или фунгални акни.

 

Опис

За мене Невидливо покривање со брз и ефикасен третман на акните и нега за лузните. Пробајте ги Purito All Care Recovery Spot Patch  кои имаат антивоспалително дејство со природно и невидливо покривање и брза нега и третман на акните без создавање на лузни. Станува збор за целосен третман за акните кој нуди решенија за комплетно сè, започнувајќи со смирување на акните во нивна прва фаза, до екстракција на комедони и нега на раните од акни по нивно истискување. Изработени се со високо ниво на хидроколоид кој ја апсорбира течноста од раните и создава влажна средина да помогне што побрзо да зараснат раните создадени од акните. Исто така, ги смируваат воспалените акни уште во прва фаза со состојки од Asiaticoside, Madecassic Acid и Asiatic Acid и исто така нуди CICA нега. Исто така, даваат заштита на гнојните акни од надворешните иритации, осигурувајќи да не дојде до нивно пукање, додека помагаат во процесот на чисто извлекување на гнојот и комедонот.

Зошто да ги изберете овие лепенки?

   

Даваат природно и невидливо покривање

Краевите на лепенките се потенки од центарот за да подобро се залепи лепенката.

Станува збор за одлична матирана лепенка која обезбедува природен изглед и е невидлива за око

 

TаптапЛесно нанесување и отстранување!

Формата на лепенката обезбедува нејзино лесно отстранување од кожата. Лепенката може да се залепи на хигиенски начин без ризик за секундарна контаминација или набраздување предизвикано од ноктите.

Непречено користење!

Водоотпорноста е клучна! Оваа лепенка не се одлепува лесно од кожата дури и кога го миете лицето со вода или вежбате.

   

Брза нега за лузните!

Овие лепенки го задржуваат кислородот и влажноста за да ги заштитат раните од сушење помагајќи во процесот на заздравување.

Како да ги користите