PURITO AHA BHA Refreshing Solution 100ml

PURITO AHA BHA Refreshing Solution 100ml

1,259.00 ден 1,133.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Неизмивачки ексфолијант во форма на тонер кој во својот состав содржо вода од кора од бела врба, АХА и БХА – состојки изведени од вегански извори.

АХА (Гликолна Киселина) делува постепено под површината на кожата, ги раствараат нечистотиите и мртвите клетки што резултира со почиста кожа и пори, посветол и изедначен тен и подобрена текстура.

БХА (Салицилна Киселина) има антиинфламаторно и антибактериско својство и продира длабоко во кожата, со што помага во намалување на црнките (отворени комедони), акните, флеките и црвенилото.

Редовната ексфолијација со AHA BHA Refreshing Solution ги одржува вашите пори чисти, ја зајакнува кожата, го изедначува тенот и ја подобрува текстурата!

Клучни состојки:

  • Вода од кора од бела врба има антиинфламаторно дејство врз кожата. Помага во намалување и смирување на иритациите и одговара речиси на секој тип на кожа.
  • Гликолна киселина (7%) ги отстранува мртвите клетки и нечистотии од површината на кожата, ја намалува видливоста на брчките и фините линии, помага во осветлување на хиперпигментациите, флеките од акни и дамките, помага во борбата со акни, ја хидрира кожата и ја зголемува апсорпцијата на другите производи во рутината.
  • Салицилна киселина (2%) – пенетрира длабоко во порите и пружа нежна ексфолијација, ги одзатнува запушените пори, успешно ги отстранува црнките и затворените комедони, ги смирува иритациите и помага во борбата против акни со своите антивоспалителни и антимикробни својства.

Како се користи овој производ?

  • Наша препорака е да се користи во ноќната рутина како замена за тонер 1-3 пати неделно. Доколку сакате да го користите во дневната рутина, ви препорачуваме да нанесете соодветна количина од кремата за сонце и да избегнете изложување на сонце.

Состав:

Salix Alba (Willow) Bark Water, Butylene Glycol, Dipropylene Glycol, Glycolic Acid (7%), Tromethamine, Water, Salicylic Acid(2%), 1,2-Hexanediol, Sodium Citrate, Arginine, Caprylyl Glycol, Citric Acid(0.28%), Hydroxyacetophenone, Pentylene Glycol, Allantoin, Dipotassium Glycyrrhizate, Disodium EDTA