PURITO ABP Triple Synergy Liquid

PURITO ABP Triple Synergy Liquid

1,499.00 ден 1,379.00 ден

Out of stock

Што е АХА, БХА и ПХА?
АХА и ПХА се органски киселини кои се растворливи во вода т.е ексфолианти кои ги елиминираат мртвите клетки од кожата. Затоа, нивната улога е осветлување на тенот, пигментацијата и потемнетата кожа. ПХА помага во отстранување на мртвите клетки од кожата и ја зајакнува цврстината на кожата. Исто така, помага во елиминирање на мртвите клетки од горниот слој на кожата и помага здравата кожа во долниот дел да излезе на површина и притоа ги намалува порите. БХА навлегува во порите да ги отстрани сите нечистотии и да ги отстрани затворените пори, црните митесери, белите митесери и обезбедува нормално функционирање на лојните жлезди. БХА органската киселина растворлива во масло ги смирува лојните жлезди на масната кожа кои прекумерно лачат себум, без иритација.

Колку пати во неделата треба да го користам овој производ?
ABP Triple Liquid е тонер со состав од безбедна комбинација на здрави состојки, па со оглед на тоа може да го користите секој ден во текот на вашата тонер рутина за балансирање на вашиот тон на кожата, отстранување на мртвите клетки од кожата и хидратација.

Дали хемискиот ексфолиатор е поиритирачки за кожата од скработ?
Хемискиот ексфолијатор кој има АХА, БХА и ПХА има дејство на киселина. Нежно го олабавува горниот слој на епидермисот кој е поврзан како мрежа и има улога да ги отстрани акумулираните нечистотии на природен начин. Затоа хемискиот ексфолијатор е побезбедна опција и дава поефикасна нега за мртвите клетки на кожата за разлика од физичката иритација како што е скработ или „Gommage“ кои предизвикуваат прекумерна иритација на кожата.

Во тој случај, дали сите хемиски ексфолианти се добри за кожата?
Хемискиот ексфолијатор може да создаде проблеми кога киселоста или концентрацијата е премногу висока, и може да предизвика брзо исчезнување на влажноста на кожата и со тоа кожата брзо да се исуши во процесот на ексфолијација. Како и да е, PURITO ABP Triple Synergy Liquid има состав со комбинација од три балансирани и безбедни состојки и е соодветен тонер за користење за масна, сува и комплексни типови на кожа, како и за сензитивната кожа. Со природни и хидратантни состојки, како што се хијалуронската киселина и пантенолот, производот ја чува влажноста на вашата кожа и откако мртвите клетки се елиминирани од кожата.

Зошто ексфолиацијата е неопходна? Дали ќе се влоши повеќе здравјето на кожата ако ги отстранувам мртвите клетки од кожата?
Секои 28 денови, горните клетки на кожата умираат и кожата од долниот слој излегува на површина. Ако не ги отстранувате мртвите клетки и нечистотии редовно во текот на овој период, кожата станува груба. Понатаму, тенот и цврстината на кожата брзо се влошуваат и предизвикуваат кожни проблеми. Заради тоа, подобро е за здравјето на вашата кожа да ги отстранувате акумулираните нечистотии согласно „процесот на обновување на кожата“.

Опис

За мене Време е да им кажете „ ЗБОГУМ“ на мртвите клетки на кожата на нежен и ефективен начин! ABP е безбеден тонер за ексфолијација кој се состои од нежни и неопасни состојки. Тројниот синергетски ефект од АХА, БХА и ПХА и здрави и ефективни природни состојки, како на пр. 80% јаболкова вода, хијалуронска киселина и пантенол ја претвораат сензитивната и груба кожа во жива и сјајна. Осветлете го тонот на вашата потемнета и небалансирана кожа. Искусете сјајна и чиста кожа наутро. Клучно
  1. Овој тонер е изготвен со безбедно мешање на органската киселина растворлива во масти (БХА) и органските киселини растворливи во вода (АХА, ПХА) со цел да се адаптира на сите типови на кожа, т.е. сува, комбинирана и масна кожа како и сензитивната кожа.
  2. Тонерот за отстранување на мртвите клетки на кожата не содржи ниту една опасна супстанца кои вообичаено се користат во овој тип на производи.
  3. Станува збор за тонер со кој на здрав начин се отстрануваат мртвите клетки на кожата кој истовремено ја хидрира кожата, без присуство на етанол (алкохол) кој вообичаено е присутен во овој тип на тонери.