Cosrx Advanced Snail Peptide Eye Cream

Cosrx Advanced Snail Peptide Eye Cream

1,799.00 ден 1,599.00 ден

Продуктот го има на залиха!

COSRX Advanced Snail Peptide Eye Cream е лесен крем за околу очи кој ја негува и осветлува кожата околу очите.
Во својот состав содржи 72% слуз од полжав, кој е богат со хранливи материи кои помагаат во хидрирање и омекнување на кожата и пет типа на пептиди и ниацинамид кои ја зацврстуваат кожата и го минимизираат изгледот на фините линии и брчки и ги осветлуваат темните кругови околу очите.

Клучни состојки:
Слуз од полжав – Екстрактот од полжав ја осветлува, хидрира и ја подобрува бариерата на кожата.
Пептиден комплекс – Мешавина од пет вида на пептиди кои ја зацврстуваат кожата и ја подобруваат нејзината еластичност, го намалуваат изгледот на фините линии и брчки и ја осветлуваат кожата.
Ниацинамид – форма на витамин Б што ја осветлува кожата и го намалува изгледот на темните кругови.

Клучни карактеристики:
• Ја осветлува кожата околу очите и го подобрува изгледот на темните кругови
• Ја хидрира и навлажнува кожата околу очите
• Го намалува изгледот на брчките и фините линии

Како се користи овој производ?
Нанесете мала количина околу очите и нежно тапкајте за подобра апсорпција. Избегнувајте го очниот капак и директен контакт со очите.

Состав:
Snail Secretion Filtrate, Butylene Glycol, Glycerin, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, 1,2-Hexanediol, Niacinamide, Water, Palmitic Acid, Arginine, Carbomer, Stearic Acid, Betaine, Cetearyl Olivate, Sorbitan Olivate, Sodium Polyacrylate, Allantoin, Tocopheryl Acetate, Panthenol, Hydroxyethyl Acrylate/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, Sodium Hyaluronate, Adenosine, Xanthan Gum, Myristic Acid, Copper Tripeptide-1, Acetyl Hexapeptide-8, Palmitoyl Pentapeptide-4, Palmitoyl Tripeptide-1, Palmitoyl Tetrapeptide-7.