1,599.00 ден 1,279.00 ден

Продуктот го има на залиха!

Clear Skin 8% AHA Essence е комбинација на гликолна киселина (4%) и млечна киселина (4%) чија функција е да ја отстранат мртвата кожа, што резултира со  помазна кожа и посветол и рамномерен тен.

Гликолната киселина има најмала молекуларна маса од сите АХА киселини, што значи дека може да навлезе во подлабоките слоеви од кожата, додека млечната киселина е понежна и има хидрантни својства.

Формулата содржи и Centella asiatica која ја смирува проблематичната кожа и Хијалуронска киселина која ја навлажнува кожата.

Може да се користи кај сите типови на кожа, дури и чувствителна кожа.

Мерки на претпазливот при користење на производот:

  • Поради тоа што АХА киселините ја зголемуваат сензитивноста на кожата, наша препорака е овој производ да се користи во вечерната рутина, а следното утро да се нанесе крема за сонце како последен чекор од рутината.
  • Доколку во моментот имате некакво воспаление на кожата, наша препорака е овој производ да се користи откако истото ќе се смири за да се одбегнат дополнителни иритации.
  • Ако сте почетник, започнете со користење на секои 3 дена. Како што вашата кожа ќе се навикнува на производот тогаш зголемете го бројот на нанесувања.
  • Не го користете овој производ во иста рутина со други киселини, ретиноиди или производи кои содржат Витамин Ц.

 

Како се користи овој производ?

По чистење ( и тонирање на лицето). Земете соодветна количина од производот и рамномерно нанесете на целото лице.

 

Состав:

Water, Glycolic Acid, Lactic Acid, Glycerin, Butylene Glycol, Potassium Hydroxide, Morus Alba Bark Extract, Asiaticoside, Portulaca Oleracea Extract, Sodium Hyaluronate, Ginkgo Biloba Nut Extract, Acorus Calamus Root Extract,Cucumis Sativus (Cucumber) Fruit Extract, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder, Allantoin, Panthenol, Dipotassium Glycyrrhizate, Hydroxyethylcellulose, Zanthoxylum Piperitum Fruit Extract, Pulsatilla Koreana Extract, Usnea Barbata (Lichen) Extract.